Вработените и работниците прогласени технолошки вишок од прилепски „Еурокомпозит“ денеска на протест пред фабриката сметаат дека нема на повидок решение за нивните проблеми и најавуваaт протест в понеделник пред владата во Скопје.
Состојбите со протестите на пазарџиите во Скопје околу примената на Законот за трговија на зелените пазари може да се разрешат со меѓусебни разговори, но и вклучување и на други институци во процесот, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши по посетата на неколку компании во тетовско.
Увид во состојбите на неколку компании во тетовско, што користеле мерки за подршка на иновативноста, конкурентноста и претприемништвото и нивните резултати, беше целта на денешната посета на министерот за економија Крешник Бектеши во тетовско.
Вкупно 186 компании аплицираа на повикот „СтартАПувај“ што Фондот за иновации и технолошки развој го реализира во соработка со Светска банка, во кој целна група беше младата популација во земјава, а главна цел да се поттикнат младите луѓе да формираат свој бизнис.
Околу 104 активности ќе се реализираат во транспортната мрежа во Македонија до 2030 година. За реализација на овие проекти предвидено е да се потрошат околу 4,2 милијарди евра од кои најголем дел ќе се обезбедат преку кредити и ИПА средства.
Изборот на универзален снабдувач со електрина енергија ќе заврши многу порано отколку што е планирано со Законот за јавни набавки, најави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска присуствуваше на промоцијата на книгата „Размислувања за социјалните иновации“, посветена на социјалните светски практики, во која се претставени повеќе од 60 примери за добри практики, меѓу кои е вклучена и социјалната реформа која во моментот се реализира во Македонија.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев очекува Фени да биде стабилна компанија по затворањето на стечајната постапка и се надева дека комбинатот ќе има серизен придонес во економијата, особено поради фактот што новите сопственици најавуваат дека ќе ја отворат и втората линија.
На првиот бизнис форум по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка учествуваат околу 200 компании од двете земји, а во бугарската делегација има и претставници на 54 фирми, како и директори и градоначалници на општините од пограничниот регион со Македонија.
Сите ние како носители на политики во Централна и Источна Европа треба да се фокусираме на елиминирање на структурните пречки за зголемување на потенцијалниот економски раст на долг рок и да го забрзаме процесот на реална конвергенција, истакна гувернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусија за монетарна политика што се одржа вчера во рамки на 24. Форум на Централна и Источна Европа организиран од „Еуромани“.