Во изминатиов период, забележана е појава на испраќање електронски пораки до е-адреси на лица од Република Македонија со лажно претставување (англ. email spoofing), информираат од НБРМ.
Управата за финансиска полиција во минатата година поднесла 74 кривични пријави за дела со кои е нанесена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од три милијарди денари и е значително повеќе во споредба со 2016 година кога биле поднесени 41 кривична пријава со што е нанесена штета од 293 милиони денари.
Поранешните наоѓалишта на јаглен во РЕК Осломеј за околу една година треба да бидат покриени со 10 мегаватна фотоволтаична мрежа. На таа локација ќе биде изградена фотоволтаична централа во која ќе бидат ангажирани околу 1000 вработени во „Осломеј“ откако ќе поминат содветна едукација. Инвестицијата изнесува седум милиони евра, од кои 5,9 милиони евра заем од Европската банка за обнова и развој, а останатите сопствени средства на ЕЛЕМ.
За редовен и автоматски поврат на ДДВ кон фирмите и пребивање на претплата на даноци кон сите даночни обврзници, Управата за јавни приходи направи Модул за автоматски поврат и пребивање. Ова беше истакнато денес при работната посета на министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УЈП Сања Лукаревска на Регионалната дирекција на УЈП во Скопје.
Раст од 22,4 отсто бележи извозот од Македонија во 11-те месеци од минатата година во однос на тој период претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Цените на угостителските услуги во декември не забележаа промена во однос на ноември 2018 година, објави Државниот завод за статистика.
Рокот за доставување документација за јавниот повик за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до три хектари истекува на 11 јануари, а за јавниот оглас за давање под закуп на државно земјоделско земјиште над три хектари рокот е 17. месецов.
Потпишување на договор за заем помеѓу ЕБРД (Европска банка за обнова и развој) и ЕЛЕМ за фотонапонската централа Осломеј ќе се одржи денеска во Медиа центарот на Владата на Република Македонија.
Одржливи економски перспективи, повисоки плати, нови вработувања и сериозна реализација на капиталните инвестиции, се очекувањата на Владата во оваа година.
Изградбата на патиштата и железницата, како и гасификацијата на државата ќе бидат во фокусот на Владата за реализација на капиталните инвестиции во 2019 година, најави денеска премиерот Зоран Заев и додаде дека веќе се отстранети сите проблеми во проектните документации што беа пречка за поголема реализација на капиталните инвестиции во минатата година.