Свинското месо ќе го има во доволни количини за Новогодишните и Божиќните празници на македонскиот пазар, информираат од Асоцијацијата на земјоделци и одгледувачи на свињи.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски, заедно со советниците за спорт на претседателот на Владата, Ѓорги Тасев и Даниел Димевски и раководителот на сектор спорт во АМС, Томислав Андоновски, денеска во Клубот на пратеници остварија работна средба со претставници на националните спортски федерации и спортски работници.
Во системот на Управата за јавни приходи за Е-персонален данок се регисрирани 620.000 граѓани и до крајот на годината, односно до 31 декември треба да се регистрираат уште мал процент.
Пет милиони евра обезбедени од Европската банка за обнова и развој ќе бидат достапни на македонските мали и средни претпријатија за подобрување на конкурентноста преку Комерцијална банка АД Скопје.
По Програмата за директни плаќања во земјоделството до денеска исплативме 6,751 милијарда денари, што е реализација од 99,9 проценти, вели во интервју за МИА директорот на Платежната агенција Николче Бабовски.
Македонија е рангирана на 68. место на листата на Форбс за водење бизнис, која е составена врз основа на 15 фактори, вклучувајќи имотни права, даноци, технологија, ниво на корупција, слобода, бирократија, големина на пазарот, квалитет на живот и работна сила.
Во 2018 во еден повик за ИПАРД програмата имаме склучено 937 договори со вредност од 18 милиони евра што е повеќе од вкупно објавените 12 огласи во претходните девет години, чија вредност е 16 милиони евра, изјави министерот стот за земјоделство, шумарство и водосопнаство Љупчо Николовски.
Цената за пренос на природен гас ќе се намали за приближно 12 отсто, покажуваат пресметките на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Тоа, според претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, ќе значи намалување на трошоците за индустријата, но и за топланите во Град Скопје што ќе има позитивно влијание за намалување на цената за топлинската енергија што ќе ја носи регулаторот во јуни следната година.
Владата размислува и ги гледа сите можни опции за одделување на плажите од надлежностите на општините Охрид и Струга во делот на стопанисување со плажите, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
Израелската компанија „Даган“, специјализирана за земјоделски проекти и еден од водечките провајдери на иновативна технологија во земјоделската дејност со над триесетгодишно искуство, е заинтересирана за инвестирање во Македонија.