Еднакви можности во приватниот сектор, следење на европските трендови за зголемување на уделот на жените во економијата, постигнување на повисоки работни позиции во корпоративниот свет се само дел од аспектите кои доколку се применат ќе имаат позитивен импакт врз севкупната економија, беше истакнато денес на конференцијата „Женско претприеништво и предизвиците за интеграција во ЕУ“ по повод Светскиот ден за женско претприемништво.
Да се зголеми квалитетот на формалното образование, а неформалното да овозможи побрзо приспособување кон барањата и потребите на пазарот на трудот, апелира Стопанската комора на Македонија.
Во Виена почна официјалниот работен појадок за премиерите од Западен Балкан организиран од канцеларот на Австрија Себастијан Курц, а на кој Македонија ја претставува вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори Кочо Анѓушев.
Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд која го одржа завршниот состанок во Министерството за финансии, оценува дека е исправно што Предлог-буџетот за 2019 година е фокусиран на оддржливоста на пензискиот систем, промовирањето на социјалната еднаквост и поддршката на вработеноста.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествуваат на 15-от Виенски економски форум.
Вкупно 940 договори во рамки на ИПАРД програмата и пласирани 17,6 милиони евра дадени по основ на договори со земјоделците минатата година регистрирала Агенцијата за финансиска поддршка и равој на земјоделието (АФПЗРМ), информираше денеска директорот на АФПЗРМ Никола Бабовски.
Во завршна фаза е целосна реконструкција на блоковите В и Г од најголемиот студентски дом „Гоце Делчев“ во Скопје, за што се вложени речиси 2,3 милиони евра. Заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов денеска го посети домот и изјави дека се работи за крупен зафат кој опфаќа замена на врати, прозорци, подови, електрична и водоводна инсталација, лифтови, парно греење. Во наредната година со 85 илјади евра ќе биде набавен и нов мебел.
Министерот за земјоделие Љупчо Николовски денеска пред беровските земјоделци и сточари најави најави сет мерки кои според него ќе влијаат на подобрување на положбата на земјоделците и сточарите во 2019 година. Како што истакна Николовски, во Министерството во тек е програмирањето на буџетот кој за наредната година изнесува 17 милиони евра што покажува дека земјоделството е сектор со континуиран раст на средствата.
Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски денеска изјави дека Предлог-протоколот за проценка на ризик на компаниите најверојатно ќе биде објавен во текот на следната недела.
Министерот за финансии Драган Тевдовски денеска на прес-конференција во Министерството за финансии појасни дека средствата во Предлог-буџетот предвидени за набавка на мебел не се однесуваат на мебел во кабинетите на министрите, туку за опремување на училишта, студентски домови, факултети, полициски станици, гранични премини, прифатни центри…