На предлог на Министерството за финансии, на денешната редовна 102-ра седница Владата на Република Македонија ќе го разгледа предлог – законот за изменување и дополнување на законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити.
Во Предлог-буџетот за 2019 година што вчера јавно беше презентиран пред коморите, синдикатите, невладиниот сектор и медиумите, предвидени се 1,1 милијарди денари за активните мерки за вработување што е за 10 проценти повеќе во споредба со годинашниот Буџет, а двапати повеќе во однос на минатата година.
Во пресрет на донесувањето на буџетот на Република Македонија за 2019 година, Стопанската комора на Македонија ја продолжува практиката за запознавање на стопанствениците со предвидувањата за макроекономската политика за наредната година.
Предлог-буџетот за 2019 година што ќе тежи 3,7 милијарди евра предвидува пари за повисоки плати во администрацијата, здравството, образованието и одбраната, повеќе пари за реформите во социјалната и детската заштита и пензискиот систем и средства за воведување „зелена нафта“ во земјоделството.
Собранието на Република Македонија во попладневниот дел од денешната работа по дневниот ред на 65. седница едногласно со 55 гласови „за“ го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка.
Собранието денеска усвои Закон за дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година. Се вршат дополнувања на одредбите од постојниот закон, според образложението, со цел зголемување на транспарентноста во користење на наменски планираните средства, согласно јасно дефинирани услови и критериуми утврдени во програма донесена од Владата на РМ.
Собранието денеска расправа за законски измени со кои ќе се овозможи склучување трет анекс за Договорот за изградба на автопатот Кичево-Охрид заради дополнителен заем за непредвидени градежни работи од основниот проект и дополнителни градежни работи што се нужни и неопходни за целосно и квалитетно завршување на проектот.
Пари за повисоки плати во здравството, образованието и одбраната, повеќе пари за реформите во социјалната и детската заштита и пензискиот систем, како и средства за воведување „зелена нафта“ во земјоделството, се предвидени во Предлог-буџетот за 2019 година што денеска го презентираше Министерството за финансии пред коморите, синдикатите, невладиниот сектор и медиумите.
Во септември годинава во Македонија се евидентирани 108.711 туристи, кои оствариле 260.320 ноќевања, соопшти Државниот завод за статистика.
Вкупните приходи во државната каса во 2019 година се проектирани на 210,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 228,5 милијарди денари, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната јавна презентација на Предлог-буџетот за следната година пред коморите, синдикатите, невладиниот сектор и медиумите.