Македонија е меѓу двете земји што германската компанија „Герешајмер“ ги разгледува како опција за реализирање на својата нова инвестиција.
Вкупно 26,5 проценти поголем девизен прилив оствари туризмот во првиот квартал годинава за разлика од истиот период лани. Очекувањата се дека 2018-та ќе заврши со прилив до 24 милијарди денари, посета на 1,2 милиона туристи и реализирани 3,2 милиона ноќевања.
Министерството за транспорт и врски реагира на денешната прес-конференција на претставник на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Во недостиг на конкретни идеи, а со цел да заработат ситни политички поени, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја манипулира македонската јавност.
Од случувањата во Турција не се очекуваат директни негативни ефекти врз македонската економија, но е мала можноста и за евентуални позначајни негативни преносни ефекти, оценува Народната банка на Република Македонија.
Во одделни економски сектори во вториот квартал има поповолни движења во споредба со првиот квартал кога беше забележан минимален раст на годишно ниво од 0,1 процент.
Првите 20 милиони денари поддршка од Програмата за конкурентност на Министерството за економија пред две недели им се исплатени на вкупно 81 компанија. Сопственичката структура на овие фирми не беше услов за доделување на средствата, но може да биде дополнително побарана.
Пратеничката Катерина Кузмановска денеска изјави дека македонско-грчкиот договор е историска можност и влог во нашата иднина.
Не навлегувам во тоа дали руската блокада за праските е политичка одлука или не, но ако Русија продолжи со ваквите мерки, Македонија ќе бара други пазари како што се Европската унија со која најмногу соработуваме и државите од регионот, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Македонија располага со околу 46.000 легла за сместување туристи од кои 20.500 хотелски, покажува најновата анализа на Еуростат.
Oсигурителните компании ќе бидат обврзани, во рок од пет дена, сите измени што ги прават во општите и посебните услови на полисите за осигурување да ги објават на својата веб-страна.