Владата ја почнува постапката за избор на универзален снабдувач со електрична енергија. Одлуката е донесена на денешната владина седница, а надлежните министерства се задолжени да номинираат членови во Комисијата за спроведување на постапката.
Два денара субвенција за килограм ќе добијат регистрираните откупувачи и трговците кои до 15 септември годинава ќе откупат индустриски сливи за најмалку пет денари или свежи сливи по минимум осум денари.
Британскиот, косовскиот и албанскиот се потенцијалните пазари за македонските праски, бидејќи од утре и официјално нема да се извезуваат во Русија, рече денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Намалување на глобите за царинските прекршоци и воведување мандатен платен налог се дел од измените на Царинскиот закон што стапија на сила од 11-ти овој месец, а со кои, според директорот на Царинската Управа, Ѓоко Танасоски, се излегува во пресрет на барањата на бизнис заедницата.
Само четири од вкупно 77-те компании – апликанти, добитници на средства од првиот повик од Планот за економски раст – трет столб се изјасниле дека во својата сопственичка структура имаат лице кое е носител на јавна функција, или член на негово потесно семејство.
Царинската управа на Република Македонија со најавените измени на Законот за банки, ќе добие право да изврши блокирање на банкарската сметка на физичкото лице, кое има одреден царински долг.
Последните податоци на Државниот завод за статистика за бројот на зголемување на бројот на туристи покажуваат дека стратегијата за развој на туризмот во Република Македонија дава добри резултати, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Откупувачите на праски од Росоман се во незивесност - дали ќе им бидат вратени уште три камиони кои моментно се на руската граница. Тоа би значело дополнителни 15.000 евра загуба по штетите што ги претрпеа откако изминативе денови Русија не дозволи влез на три камиони со образложение дека во пратките е пронајден „прасков црв“.
Од два до осум денари за килограм, толку според земјоделците е годинашната откупна цена на модрите сливи за разлика од лани кога беше 20 денари. Овоштарите од Радовиш бараат дел од сливите да одат за откуп, а дел за индустриска преработка, додека производителите од Пијанец за денеска во 10 часот најавија мирен протест пред општинската зграда на Делчево.
Авиокомпанијата „Визер“ попладнево соопшти дека авиолиниите од Скопје до Ваксјо и Барселона и од Охрид до Лондон се оптимизирани според барањата на пазарот и ќе бидат функционални само во летната сезона.