Во мај Република Македонија ја посетиле за 11,2 проценти повеќе странски туристи во споредба со мај лани, објави Државниот завод за статистика.
Законската регулатива за финансирање политички партии е квалитетна и добра. Проблем е транспратеноста и контролата на процесот. За подобрување на состојбите неопходно е зајакнување на контролата преку создавање една надлежна институција. Финансирањето на политичките партии може да биде вратата преку која корупцијата влегува во целиот систем.
Изминативе денови променливи се откупните цени на доматите, пиперките и краставиците, велат градинарите од Струмичко. Според нив, доматите вчера се откупувале по 25 денари за килограм, а денеска трговците ги плаќале по 10 денари.
Македонија според својата геолошка градба на теренот и клима, како и годишните енергетски потреби за греење и ладење со прилично изедначени сезонски енергетски потреби претставува идеална регион за примена на системите за геотермална енергија, вели професорот на Градежнит факултет во Скопје, Јосиф Јосифовски во интервју за МИА.
Тркалезна маса на тема „Подобрување на моделот на финансирање на политичките партии во Македонија“, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Националниот демократски институт (НДИ) и во соработка со Транспаренси Интернешнл Македонија.
Вработените во „Еурокомпозит“ се согласуваат со понудата компанијата да отиде во стечај и сметаат дека тоа е единственото решение како во случајот со „Фени“.
Директорката на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Драгица Здравева појаснува дека станува збор на проектот за унапредување на општинското владеење на УНДП и се работи за грант од 270.000 евра за сите осум плански региони во земјава.
Поранешниот министер за правда Билен Салији е назначен за заменик-генерален директор во „МЕПСО“ и за член на Управниот одбор на компанијата.
Стечајот може да заврши со задржување на вработените и продолжување на работата на капацитетот, како што беше со ФЕНИ. Тој модел ќе се обидеме да го примениме и на Еурокомпозит, наместо долгиот процес за приватизација, истакна денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев, одговарајќи на новинарски прашања.
Општина Гостивар доби грант од 4,6 милиони евра неповратни средства од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (СЕКО) за подобрување на водоводната и канализациската инфраструктура во општината.