Овој значаен собир, рече, ги потврди големите инвестициски можности што стојат на располагање преку евтините кредитни линии наменети за целиот регион од кинеските банки преку процесите Патот на свилата и Иницијативата 16+1.
Платформата се однесува на кинеските инвеститори кои планираат влез на европскиот пазар, а треба да ги зајакне трговијата и соработката меѓу бизнисите од Македонија и Кина.
Тој се обрати на пленарна сесија на премиерите на владите на земјите од ЦИЕ и НР Кина, на која посочи и дека Република Македонија е мала земја којашто е посветена на концептот на поврзувањето, што всушност е дел и од Иницијативата 16+1.
Вкупно 11 учесници ги претставија своите идеи на финалето на македонскиот натпревар за зелени бизнис идеи, што во организација на здружението „АРНО“ вчера се одржа во Скопје.
Македонска бизнис делегација ќе учествува на 7. Самит и бизнис форум на шефовите на влади на Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), што ќе се одржи утре во Софија.
Светска Банка подготвува нов круг партнерска помош за Република Македонија за следните четири години, при што, како една од приоритетните области, детектирана е одржливата животна средина и климатските промени.
Претставници на Царинската управа на Република Македонија, предводени од директорот Ѓоко Танасоски, на царинска испостава Ќафасан, одржаа состанок со претставници на Царинската управа на Република Албанија, предводени од директорката Белинда Икономи.
Производители на лубеници од неколку села од подбеласичкиот регион денеска со двочасовна блокада на клучката за селото Смоларе, на магистралниот пат Ново Село-македонскобугарска граница, го искажаа својот револт од ниските откупни цени.
Народната банка на Република Македонија издаде и пушти во оптек ковани пари за колекционерски цели „Рак“, „Лав“ и „Девица“ од серијата „Хороскопски знаци“.
АД ЕЛЕМ на 4 јули годинава четврти пат на аукција продаде вишоци на електрична енергија. Се продадоа 35.400 мегават часови во износ од 2.079.000 евра. Просечната цена што ја постигнавме на оваа акукција беше 58,73 eвра за мегават час. Ова денеска го изјави директорот за производство на АД ЕЛЕМ, Благојче Трповски.