Владата на денешната седница ја усвои Предлог - уредбата за методологијата за распределба на приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2019-та година.
Македонското Собрание денеска во скратена постапка го донесе Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, со кој се предвидува надзор за носителите на јавни функции во Република Македонија.
- Субвенцијата ја зголемивме поради нарушениот баланс меѓу понудата и побарувачката, како и ниската откупна цена. Очекуваме во определениот период да бидат откупени околу 500 тони домати, рече министерот за земјоделство Љупчо Николовски на прес-конференција во Владата.
Пратениците во Собранието денеска на 50. седница ги изгласа претседателот и тројца членови на Регулаторната комисија за енергетика. Опозицијата гласаше против предлозите, спорејќи ја незвисноста на кандидатите.
Согласност за тоа е постигната на денешната средба на министрите Манчевски и Папас во Софија, соопшти македонското Министерство за информатичко општество и администрација.
Подобрување на односот производител-потрошувач, зголемување на довербата меѓу двете страни и поголема конкурентност на компаниите на домашниот и на странскиот пазар се придобивките од добивањето на сертификатот насловен „Фер со потрошувачот“.
Според анализата која беше промовирана денеска во Министерството за земјоделство, субвенциите дале најголем ефект во сточарството, кај фармите кои одгледуваат добиток и произведуваат сточна храна, додека за другите сектори државата треба да воведе дополнителни, но и поинакви мерки.
Премиерот Зоран Заев денеска во Виена ги повика австриските бизнисмени да ја унапредат економската соработка со Македонија, која, како што оцени, развива добра економска клима, очекува отворање на евроаталантските интеграции и стана атрактивна држава за инвестици.
Во новиот закон за работни односи којшто се подготвува во Министерството за труд и социјална политика се предвидуваат измени во делот посветен на договорите за вработување.
Посочи дека процесите се долготрајни и скапи и затоа треба да се почне кампања и сите потрошувачи треба да се вклучат во таа колективна тужба за нивна заштита, особено кога има масовни оштетувања и потребно е судско обесштетување на потрошувачите, а не само казнување на трговецот или операторот.