Нема да брзаме, туку ќе отвориме дебата во која ќе бидат вклучени сите засегнати страни, а целта е да постигнеме позитивни и квалитетни ефекти, изјави премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за тоа до каде е постапката со подготовката на даночните реформи.
Со учество на околу 100 компании, институции и организации од Македонија, Србија и Канада во Белград се одржа меѓународниот бизнис форум „Македонија 2025“, во организација на оваа невладина организација на успешни македонци од дијаспората и на Канадско-српското стопанско здружение (КАНСЕЕ).
Во месноста Десетак, во општина Ранковце денеска беше означен почетокот на изградба на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка во должина од 23 километри, којшто според проекциите е планирано комплетно да биде завршен до 2021 година.
Помалку од 10 отсто од охридско-струшкото крајбрежје на потегот од Радожда до Свети Наум е урбанистички организирано, информира претседателот на ХОТАМ Крсте Блажески.
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Виена учествуваше на Министерскиот форум за одржлива енергија.
Обезбедување еднаков третман при инвестирање, уредување, опремување и едукација на здравствениот кадар во јавните и приватните здравствени установи кои се дел од здравствената мрежа и имаат склучени договори со Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
Гувернерката на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска-Бежоска денеска и утре во Швајцарија учествува на два настана на Банката за меѓународни порамнувања (БИС), важни за развојот на меѓународната соработка.
Олеснување и забрзување на трговијата, промовирање на извозот и на вкупниот економски раст, како и зголемување на кредибилноста на фирмите во меѓународни рамки, треба да овозможи концептот на Овластен економски оператор (ОЕО).
Прв регионален бизнис натпревар поддржан од Фондот за Западен Балкан ќе се одржи денеска во Белград. Натпреварот е можност за прв заеднички регионален настап на победниците на проектот Лидер од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина Скопје.
Прилепската регионална стопанска комора со формирање комисија ќе им помогне на компаниите правилно да аплицираат за владината финансиска поддршка во инвестирањето, но и за изготвување бизнис план, беше соопштено од Регионалната стопанска комора во Прилеп.