Увозните цени од одделот Кокс и рафинирани нафтени производи во април годинава се повисоки за 6,5 отсто на месечно и за 9,6 отсто на годишно ниво.
Даночни олеснувања за земјоделците со кои се очекува повеќе пари да останат кај оваа категорија граѓани, најавија денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.
Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно месечно се на исто ниво како и претходниот месец, а се повисоки за 0,9 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски очекува засилена реализација на капиталните инвестиции во земјоделството во втората половина од годинава.
Во април годинава се издадени 249 одобренија за градење, што е за 3,9 проценти помалку во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Земјоделците од Струмичко реагираат на ниските откупни цени на доматите. Тие изминативе денови се откупуваат од 10-15 денари за килограм. Минатата недела откупната цена изнесуваше 20-25 денари за килограм.
Министерот за финансии Драган Тевдовски изразува оптимизам дека растот на економијата ќе се движи. Вели дека има резултати и оти Владата ќе направи се тој да се интензивира.
Вицепремиерот Кочо Анѓушев и покрај растот од 0,1 отсто во првиот квартал е оптимист дека до крајот на годинава може да се реализира предвидениот раст на БДП од 3,2 отсто.
Македонија почнува со подготовка на новата Програма за економски реформи 2019-2021 година чија цел е забрзување на патот кон ЕУ. Ова е втора пограма што ја подготвува државата.