Конференцијата на тема „Самит на малите земји - нови трендови во бизнисот“, ќе се одржи овој петок во Скопје, а поканети се претставници од приватниот сектор, државата и научната фела.
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, денеска и утре ќе престојува во службена посета на Кралството Белгија.
Според ОПМ, трговските ланци покажуваат се поголем интерес за пласман на органски производи, пред се заради барањата на потрошувачите, особено младата популација.
Засега нема предлог кој ќе го наследи, но од Кабинетот на претседателот на Република Македонија велат дека постапката за избор ќе се спроведе согласно закон и праксата во изминатите години.
Со или без закон, државната помош ќе им биде исплатена на компаниите- тврди вицепремиерот за економски прашања. Анѓушев вели- огласот за малите и средни фирми ќе биде објавен овој месец, за субвенционирање на инвестициите, големите фирми ќе може да аплицираат во април.
Во текот на минатата година во трговијата на мало пораст е забележан кај непрехранбените производи, освен горивата и кај храната, пијалаците и тутунот, објави Државниот завод за статистика.
Во јануари земјава ја посетиле 30.253 странски туристи остварувајќи при тоа 60.879 ноќевања. Најголемиот дел 13.431 престојувале во Скопје. Најбројни биле туристите од Албанија 3.819, Грција 3.670, од Бујгарија 3.562 и од Косово 3.107, објави Државниот завод за статистика.
Форумот го организираат Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора за трговија и индустрија на Естонија, со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу девет држави.
Министерството за внатрешни работи изврши авансна исплата, а Министерството за финансии преку трезорската сметка ги префрли парите на „11 Октомври-Еурокомпозит“ а.д. Прилеп, со што е исплатен надомест од 22.000 денари за секој вработен.
Меѓу изложувачите од 20 земји и домаќинот Грција, две македонски компании учествуваат на 5. Меѓународен саем за храна и пијалаци што викендов се одржува во Атина.