Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите за минималната плата кога ќе биде постигнат во рамки на економско социјалниот дијалог, соопшти владината прес-служба по денешната средба во Владата со претставници на синдикатите.
Според Ристески, кошницата нема да биде за политиканство, туку за понатамошните политики за заштита на животниот стандард на граѓаните.
Според него, без намера да ги опавдува инспекторите, во Пазарната инспекција претежно работат правници и економисти, кои смета дека не можат да проверуваат исполнување на технички услови.
Синдикатот на УПОЗ во јануари одржа неколку протести барајќи зголемување за 30 проценти на додатокот на плати во органите на државната управа. По ставањето на протестите во мирување, како што соопшти Деановски, биле одржани пет средби и е постигнат договор.
Управата за јавни приходи денеска соопшти дека вкупно 59.681 даночни обврзници веќе поднеле МПИН пресметки за месец март, од кои 30.090 даночни обврзници веќе ги платиле МПИН пресметките за исплата на мартовската плата.
Од неговото воспоставување, РЦФ има добиено повеќе од 450 пријави и поддржано 99 проекти со приближно 44 милиони евра инвестиции во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 74 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 76, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 66,5, а Екстра лесно масло за горење (ЕЛ-1) за 66,5 денари за литар.
Претставници на синдикатите денеска се на состанок во Владата, но засега нема детали за што точно ќе се разговара.
Кочоска од денеска до 11 април ќе учествува на Економскиот форум во Делфи, кој обединува на едно место креатори на политики, претседатели на држави, премиери, министри, претставници на бизнис и на академската заедница и експерти од над 55 земји во светот.
Во Собранието вчера беше усвоена Програмата за дополнување на Среднорочната програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви, предложена од Министерството за финансии.