Фокусот, според стопанството, освен на ова, мора да биде ставен и на енергетиката, посебно на обновливите извори, на базната енергија и на батериите каде се неопходни поголеми инвестиции.
Фатмир Битиќи од СДСМ рече дека во ребалансот се предвидува намалување на средствата што ги добиваат домашните компании преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции.
Тој појасни дека тоа значи дека ако нам за една единица ни расте нето извозот, реалниот бруто домашен производ ќе ни расте за 1,5 проценти.
Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја започна расправата за Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година.
Не сакаме да играме во шеста лига, сакаме во прва, му порачаа бизнисмените денеска на премиерот Христијан Мицкоски. Тие побараа и Владата да го комплетира тимот со искусни економисти.
Истите тие работодавачи кои ја очекуваат поддршката од Владата од 250 милиони евра, го подкрадуваат буџетот за исто толку 250 милиони евра кои не влегуваат во државната каса поради непријавените работници кои сочинуваат 11,8% од вкупниот број на вработени.
Стопанската комора му додели награда на премиерот Христијан Мицкоски за градење партнерство и заедничко дејствување за просперитетна Македонија.
На настанот во Комората по повод 102 години од нејзиното постоење, Азески пред премиерот Христијан Мицкоски вети дека бизнисот ќе биде сериозен партнер на Владата и конструктивен партнер на државата.
Владата на денешната седница го задолжила Министерството за финансии да изготви Закон со кој ќе се регулира специјалната финансиска соработка со Унгарија за обезбедување на 500 милиони евра.
Сојузот на синдикати на Македонија најостро се спротиставува на барањето на Стопанската комора на Македонија да се разгледува Законот за недела неработен ден.