Србија Карго наведува дека овој договор носи бројни придобивки, бидејќи значително ќе го забрза протокот на стоки од грчките пристаништа, како што се Солун и Пиреја, преку Северна Македонија и Србија, што ќе овозможи побрз транзит кон Европската унија.
Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, во врска со инвестициите во енергетиката и за тоа дали земјава може да стане енергетски независна, оцени дека Владата ќе ја направи Македонија енергетски независна
Премиерот Христијан Мицкоски најавува исплата на поврат на ДДВ на фирмите по завршување на контролите кои вели дека се прават за да не се повторат случаи со исплати на фантом фирми.
За реакциите од граѓаните дека дел од маркетите ги покачиле цените пред носењето на одлуката за есенската потрошувачка кошница, Мицкоски порача дека секој кој се однесува шпекулативно, неморално и неетички ќе биде санкциониран.
Пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека во септември минималните трошоци на едно четиричлено семејство изнесуваат 61.306 денари што е зголемување за 107 денари во однос на август кога истите трошоци изнесувале 61.199 денари.
Цените на 73 прехранбени производи, кои се дел од есенската потрошувачка кошница, треба да бидат пониски до 31 октомври, а производите вклучени во оваа кошница, треба да бидат јасно обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“.
На средбата било истакнато дека банкарскиот сектор кај нас е регулиран во согласност со највисоките стандарди во ЕУ, како што покажуваат и оцените на Европската комисија за високата усогласеност на банкарската регулатива и супервизорската рамка со стандардите во ЕУ.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
По повод 27ми септември, Светски ден на туризмот, Стефаноска истакнува дека последните години туризмот во нашата земја бележи позитивен тренд со раст на туристичкиот промет, но растот, според неа, не значи и развој.
Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот рок, 25-ти септември (среда) 2024 година до полноќ, за поднесување на ДДВ-04 пријавите за последниот оданочив период.