Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши очекува в понеделник да добие предлог од работната група за есенската потрошувачка кошница, како и за ограничувањето на трговските маржи или замрзнување на цените.
Оттаму сметаме дека финансиската кондиција на Стопанска банка АД Битола, е исклучително поволна и понудета вредност од страна на Комерција банка за откуп на акциите не ја дава реалната слика за моменталниот, но и за идниот потенцијал на банката.
Министерот Дурмиши заедно со заменик министерот Марјан Ристески и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, денеска ги посетија книжарниците „Просветно дело“ и „Алби“ во Скопје за да проверат како се применува мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“.
Во јули годинава во земјава имало вкупно 204.336 туристи од кои 41,8 проценти биле домашни, а 58,2 отсто странски туристи. При тоа оствариле 756.831 ноќевање, од кои 70,6 проценти се од домашните туристи, а 29,4 отсто од странските туристи.
Освен РКЕ и МЕРМС и ресорните министерства од Грција, Бугарија и Романија за оваа состојба ја алармирале Енергетската заедница.
Советот на Народната банка (НБ) одржа редовна седница на која, меѓу другото, го усвои Извештајот за финансиската стабилност за 2023 година.
Девизните резерви на крајот на август годинава изнесувале 4.469,8 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 41,3 милиони евра, соопшти Народна банка.
До петок треба да биде изготвена есенската потрошувачка кошница со околу 100 прехранбени производи, јавува МИА. Работната група во која има членови од министерствата за економија, земјоделство и финансии, ќе направи симулација за ограничување на цените или на маржите.
Одговорајќи на новинарски прашања по работилницата за проширување на позитивната листа лекови, Мицкоски истакна дека полека, но сигурно цените се стабилизираа, а добар резултат е и стапката на инфлација која во август изнесуваше 2,2 отсто.
Новата инвестиција која доаѓа од европска држава, како што рече Мицкоски, е во финална фаза на преговори и имаат дневна комуникација со потенцијалниот инвеститор.