Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска имаше работна средба со делегација на Стопанската комора на Македонија, предводена од нејзиниот претседател Бранко Азески, на која се разговараше за зајакнување на соработката на полето на евроинтеграциите и учеството на бизнис секторот во процесот на преговори
Во државава во септември годинава вкупно се потрошени 434.014 мегават часови електрична енергија, 31.945 милиони нормални кубни метри природен гас, 328.382 тони јаглен и 93.006 тони нафтени продукти
АД ЕСМ денеска соопшти дека навреме ја исполниле обврската за снабдување со поевтина електрична енергија на прехранбената индустрија за основните намирници, на училиштата и водостопанствата, од 1 декември
Бизнисмени од Сакариа, Турција, предводени од Умит Карајака, претседател на тамошната Стопанска комора, ќе инвестираат и продолжат со својот бизнис во индустриската зона Новаци
Јелена Спасова е назначена за генерален директор на Занаетчиската комора, соопштија денеска од Комората
На средбата се констатирани одличните односи меѓу двете земји и искажана е недвосмислена определба за понатамошно продлабочување на соработката на сите нивоа.
Никола Рибароски, претседател на Комората на трговски друштва за геодетски работи, денеска на прес-конференција рече дека Агенцијата за катастар на недвижности ги зголемила надоместоците со новите тарифници без никаква консултација со нив, а истовремено одбива да им го одобри новиот тарифник за корекција на цените иако фелата се соочува со зголемени трошоци подолго време
Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции
И додека Агенцијата енормно ги зголемува своите приходи, барањето на Комората на геодетски друштва за корекција на цените на услугите кои ги наплаќаат геодетските друштва кое е поднесено како предлог до Управниот одбор на Агенцијата уште во 2019 година, се уште не е имплементирано.
Пред 40-тина компании членки на Стопанската комора на Македонија беа презентирани актуелните кредитни линии на Развојната банка на Македонија