Таа истакна дека продолжената ескалација на геополитичките тензии создадени со воената инвазија врз Украина, во услови кога се уште светот трпи последици од пандемијата, придонесоа кон влошување на глобалниот амбиент, неповолно делуваа на економските изгледи и создадоа дополнителни притисоци врз светските цени на основните производи
АД ЕСМ е отворено за соработка и со АД Скопје Север со цел да се обезбеди топлинска енергија за граѓаните на Чаир, Бутел и околината кои ги користат услугите од оваа топлана, повтори денеска генералниот директор на компанијата Васко Ковачевски
Цените на дизел горивото и на маслото за горење од ноќеска на полноќ се намалуваат за два денара по литар, а мазутот поевтинува за 1,263 денари по килограм одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги
Повеќе од извесно е дека македонската економија се наоѓа во период на голема неизвесност. Енергетската криза којашто ја зафати Европа се пренесе врз македонската економија, а фактот што земјата е нето увозник на храна ја прави нејзината ранливост на последиците од екстерните шокови уште поголема
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) ја реализираше исплатата за помош за вршење на земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности и директните плаќања за произведени еднодневни бројлерски пилиња и еднодневни пилиња од јајценосни хибриди како и директните плаќања за одгледани и заклани бројлери во регистрирни кланични капацитети
Како што истакна, во моментов се прават пресметките заедно со ЕВН Електродистрибуција за потребната количина на електрична енергија на 518-те нови субјекти што од 1 декември ќе се снабдуваат со електрична енергија по повластена цена.
Заклучно со вчера, кога истече рокот, за субвенционирано снабдување со електрична енергија по повластена цена од 1 декември се пријавиле 233 јавни основни и средни училишта од сите градови од вкупно 474-те на територијата на државата, 50 јавни претпријатија од областа на водоснабдувањето и одведувањето на отпадни води од вкупно 70-те, како и 235 субјекти, физички и правни лица, од областа на прехранбениот сектор
Исто така напоменуваме дека ЖРСМ Транспорт АД – Скопје споредбено за месец 10.2021 година потрошено е 131.174.30 KW, а за 10.2022 година потрошено е 83.507.00 KW со што остварена е заштеда од -36.34%.
Народната банка ги ревидираше надолу пролетните проекции. Предвидува помал економски раст, кој според основното сценарио, би бил 2,3 проценти, а идната година 2,6 проценти, додека, според второто сценарио растот годинава би достигнал околу два процента, а следната до 1,8 проценти
Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, денеска се сретна со амбасадорот на Австралија во Република Македонија со седиште во Белград, Данијел Емери, со кого разговараа за економската соработка помеѓу двете земји