Американската Стопанска Комора во Македонија (АмЧам Македонија) денеска го одржа своето 22-ро Генерално Собрание на кое беа избрани четири нови членови на Одборот на Директори и беше направен преглед на најзначајните реализирани проекти и активности од годината што изминува
На настанот, како што информираат од Царинската управа, се обрати и претставничката на Канцеларијата на УСАИД во Република Македонија, Џери Дајбл, а учествуваа и повеќе национални и меѓународни експерти од областа на олеснување на трговијата
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги
Малата информираност и знаењето за функционирањето на берзата и за користењето на хартиите од вредност, како и последиците од здравствената, енергетската и економската криза се основните причини за неизлегувањето на македонските компании на берзата, е главниот заклучок на тркалезната маса што ја организираше Македонска берза
До крајот на годината јавниот долг нема да достигне ни 60 отсто од БДП, иако предвидувавме да биде 65,6 проценти, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими пред собраниската Комисија за финансирање и буџет
Просечната исплатена нето-плата по вработен, во септември годинава изнесувала 32 553 денари и е за 12,8 отсто повисока од истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика
Претставници на германската компанија „Киeл“ заедно со директорот на Дирекција за Технолошки индустриски развојни зони на Македонија (ДТИРЗ) денеска потпишаа договор чија цел е да почне да се гради нов дополнителен производствен капацитет на нивната фирма во тетовската технолошко-индустриска развојна зона
Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедуваат 50 милиони евра директна финансиска поддршка за општините за реализација на проекти за подобрување на водната инфраструктура
Вкупните приходи на Буџетот на Република Македонија за 2023 година се планирани на ниво од 282,1 милијарда денари и се за 14,8 отсто повисоки во однос на 2022 година, додека расходите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година
Помал економски раст и зголемување на инфлацијата предвидува Народната банка, која направи надолна ревизија на априлските проекции