За нас е приоритет да не се доведеме во ситуација да користиме алтернативно гориво за топланите Исток и за Запад, а ако Скопје Север работи со мазут или со дизел, тоа треба да биде согласно со процедурите за што има надлежни институции, порача денеска министерот за економија Крешник Бекшети
Соработка, инвестиции и солидарност се трите принципи на кои треба да се базира социјално праведната енергетска трансформација на Европа, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски
Да се искористи можноста и да се поднесе документација за снабдување со електрична енергија по повластени цена преку „ЕСМ продажба“ од 1 декември со оглед дека рокот истекува утре, апелираше денеска министерот за економија Крешник Бектеши
АД ЕСМ вчера произведe 8.529 мегават часови електрична енергија од кои во термоелектраните се произведени 7.320, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 1.209 мегават часови
Претседателите на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) и Стопанската комора на Македонија (СКСМ), Менди Ќура и Бранко Азески денеска ќе одржат состанок
Во Скопје денеска ќе се одржи вториот Социо-еколошки форум (СЕФ) во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Mеѓународниот центар „Олоф Палме“ и Прогрес – Институтот за социјална демократија
КОВИД пандемијата изврши притисок врз пазарот на труд во Македонија. Невработеноста не забележа значајно зголемување, бидејќи реакцијата на работодавачите беше главно во насока на платени отсуства од работа и намалување на обемот на работните часови, а работата од дома беше искористена како опција во дејностите со таква можност
На конференција што ќе се одржи денеска во Скопје ќе биде претставена и промовирана Основната студија за социјални претпријатија во Македонија, изработена во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, преку која се изврши мапирање на социјалните претпријатија во Македонија со посебен фокус на младите
На „РЕДИ самитот“ ќе се одржат панел-дискусии кои, како што вели организаторот, ќе ја создадат совршената средина за стекнување знаења и изнаоѓање нови и иновативни пристапи за промовирање на вклученоста на Ромите
Во Собранието утре почнува дебатата за Предлог-буџетот за 2023 година што Владата го усвои на 2 ноември