Таа додаде дека во тек е подготовката на Просторниот план на подрачјето со посебна намена, како и Физибилити студијата и Студијата за оцена на влијанието врз животната средина, кои се финансираат од фондовите на ЕУ.
Цените на угостителските услуги во август во однос на јули годинава се зголемени за 0,2 отсто, а споредено со август минатата година за 5,1 отсто.
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека може да се одложи примената на Законот за забрана на нефер трговски практики за неколку недели доколку има објективни пречки и причини.
Македонскиот и српскиот народ се два братски народи, два народи што можеби имаат најдобри односи на Балканот и ние тоа сакаме да го надградуваме, секако штитејќи ги интересите на Македонија и сите кои што живеат во Македонија но на една пријателска и принципиелна основа.
Веќе направивме многу, малку ни недостасува да бидеме пример како треба да функционира „оне-стоп-шоп“ кога е во прашање трговијата со услуги и стоки, дека навистина немаме никакви пречки и дека можеме да функционираме како земјите од ЕУ.
Од плодната дискусија можам да заклучам дека има многу работа која што треба да ја завршиме, бидејќи некако изминатиот период повеќе се зборувало, а ништо не се завршувало.
Бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од годинава забалежа раст од 2,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).
Тој истакна дека во јули конечно има пораст на индустриското производство после неколку месеци пад.
Очекува придвижување на БДП и со парите од заемот од Унгарија што вчера помина на седница на Владата и наскоро треба да се најде пред пратениците.
Претпоставувам не успеал да ги убеди граѓаните како што еве ги убедувал неговите сопартијци на осми мај, па доживеа дебакл каков што доживеа, па оваа Влада мораше сега заедно со инвеститорот го заврши овој процес. Очекувам уште многу вакви инвестиции во периодот којшто следи.