Трошоците во градежништвото за изградба на нови објекти за индивидуално домување во третото тримесечје од годинава се повисоки за 0,4 отсто отколку во второто тримесечје, додека трошоците за материјали се пониски за 1,8, а трошоците за вработените се повисоки за 4,2 отсто.
Крајните цени, наместо РКЕ, во „Службен весник“ ќе ги објави универзалниот снабдувач“. Тоа е концепт којшто е усогласен со европското законодавство и за првпат ќе го применуваме во Македонија
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,5 денари по литар од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Како што рече Битиќи на новинарско прашање, станува збор за стандардна операција што се прави секогаш на крај на годината.
Одговарајќи на новинарско прашање Битиќи денеска порача дека е погрешно, како што рече, очекувањето кое се креира дека со намалување на функционерските плати ќе се зголемат платите во јавниот сектор.
Министерството за финансии денеска ја издаде 22-та емисија на Обврзници за денационализација на износ од 4,5 милиони евра со кои се опфатени сите правосилни решенија за денационализација во период од 1 јануари 2022 до 31 декември 2022 година со коишто како надомест се даваат обврзници.
-Од 1 декември домаќинствата ќе имаат ниска тарифа за електрична енергија од 13 часот до 15 часот и од 22 часот до 7 часот секој ден, како и цел ден недела, се наведува во соопштение од РКЕ
Во најголем дел станува збор за парцели кои не се погодни за изградба на производствени капацитети.
На официјалната веб-страницата на Европската Унија е објавен тендерот за избор на изведувач за изградба на интерконекторот за природен гас меѓу Македонија и Грција.
Во третото тримесечје од годинава во патниот, железничкиот и воздухопловниот сообраќај во земјава вкупно се превезени 11.202.904 патници од кои 941.000 патници во патниот патнички превоз, 9.190 000 во градско-приградскиот, 56.000 во железничкиот и 1.015.904 патници во воздухопловниот превоз.