Се што ни стои на располагање како механизми ќе ги искористиме за да нема зголемување на цената на електричната енергија, порача денеска од Струмица претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски
ЕСМ продажба ја подготвува документацијата за склучување договори за снабдување со електрична енергија на компаниите и училиштата и како што најавуваат од компанијата во наредните денови на веб-страница https://www.esm.com.mk ќе бидат објавени договорите за снабдување, потребната документација, упатство и начинот на размена на документите
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ)
Асоцијацијата за креативни индустрии (АКИ) денеска го имаше првото претставување пред јавноста откако беше основана минатата година во рамки на Стопанската комора на Македонија
Владата на Република Македонија на денешната 99 седница го усвои текстот на барањето до Меѓународниот монетарен фонд, за обезбедување Кредитна линија за претпазливост и ликвидност. Кредитната линија за претпазливост и ликвидност е во износ од 530 милиони евра
Владата на денешната 99-та седница донесе одлука за преземање мерка за финансиска поддршка со засметување на разликата на цена на топлинската енергија на вршителите на енергетските дејности на пазарот на топлинска енергија, за потрошената топлинска енергија од страна на потрошувачите од категоријата домаќинства, во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија
Цените на угостителските услуги во октомври во однос на септември годинава се зголемени за 0,4 проценти, а за 17,4 проценти во однос на октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика
Во последните месеци може да се забележи нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити, вели вицегувернерката на Народната банка Емилија Нацеска
Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и претседателот на Советот за унапредување на индустриското производство и за извоз при Комората, Виктор Мизо, се во дводневна бизнис посета во Германија, информираат денеска од СКСМ
Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) додели награда за најдобар истражувачки труд на млад научник на тема од областа на управување со ризици во осигурувањето. Наградата на младиот научник Филип Пеовски, асистент на Катедрата по математика и статистика на Економскиот факултет при УКИМ му ја додели Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти на АСО