Во Предлог-буџетот за 2023 година, што Владата денеска го усвои на седница, приходите се проектирани на 282,05 милијарди денари, а расходите на 324,8 милијарди денари
АД ЕСМ вчера произведе 11.036 мегават часови електрична енергија, од кои во термоелектраните се произведени 8.780, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк „Богданци“ 2.256 мегават часови, информира Владата
Владата на Република Македонија денеска ќе jа одржи 98-та седница, на чиј дневен ред е Предлог-буџетот на Република Македонија за 2023 година
Сојузот на стопански комори на Македонија воспоставува соработка со „Генерали Инвестментс“ со цел подигнување на нивото на информираност на бизнис секторот за можност за создавање на додадена вредност преку инвестирање на расположливите финансиски средства во инвестициски фондови, во рамките на што беше организиран информативен состанок за членовите
Министерот за економија Крешник Бектеши и генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски денеска ќе престојувааат во работна посета на РЕК Осломеј во Кичево каде што ќе извршат обиколка на термоелектраната и ќе го посетат новото рудно наоѓалиште во рамките на РЕК Осломеј
Со прераспределба на буџетски средства АД ЕСМ вчера доби 61 милион евра за домашното производство на енергија и за надминување на последиците од енергетската криза, а АД МЕПСО почна процес на дигитализација на преносната мрежа, со почетна инвестиција од околу пет милиони евра
Македонско-германски форум на тема „Европската економија под стрес по руската инвазија во Украина“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на фондацијата Конрад Аденауер и Институтот за демократија
Со можностите што ги дава новата платформа, се овозможува електронска контрола на постоењето и веродостојноста на издадените сертификати и лиценци кои ги проверуваат контролните органи.
Порача дека на оние на коишто најмногу им е потребно треба да се помогне. Според Нашков, нормално дека секоја помош е добра за стопанството, а секако и за текстилниот сектор.
Концептот на Комора на иднината меѓу другото има зацртано да креира активности во насока на „корекција“ на системските слабости но и на извозната конкурентност на компаниите, бидејќи само преку зголемување на извозот може да се размислува за економски раст и развој на една економија