Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја почна програма Млади во бизнис на Западен Балкан со доделување заеми на Банка Интеса Белград и на микро-финансиската институција Ми-Боспо на свечен настан во Белград
Со заштеди во Буџетот и прераспределби помеѓу буџетските корисници обезбедивме дополнителни 3,75 милијарди денари (61 милион евра) за да се справиме со енергетската криза, односно средства за ЕСМ, за домашно производство на енергија и надминување на последиците од енергетската криза, вели министерот за финансии Фатмир Бесими
Стопанската комора на Македонија продолжува со редовните, но најавува и повеќе меѓународни активности. Во Белград, Берлин и Скопје, како што информира, ќе се одржат состаноци, дебати и средби за инвестиции, како и за проширување на соработката во енергетиката, дигитализацијата, напредните технологии и иновациите
Сончевите електрани ќе бидат двигатели на енергетската транзиција во Македонија. Пред почнување со градба се фотонапонските централи по пат на јавно-приватно партнерство со ЕСМ во Осломеј, со инсталиран капацитет од 100 мегавати, а во 2023 година очекувам да почне со градба и уште една 10 мегаватна соларна централа во Осломеј од страна на ЕСМ, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски
Домашното штедење е особено значајно за малите економии со пониско ниво на доход бидејќи од штедењето зависат инвестициите, а без инвестиции со кои се зголемува долгорочниот потенцијал за раст не е можно достигнување повисоки нивоа на доход, беше посочено на одбележувањето на Светскиот ден на штедењето што синоќа се одржа во организација на Македонската банкарска асоцијација
Се очекува инфлацијата да се смири, оценува шефицата на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во земјава, Берглјот Баркбу и посочува дека притисокот на глобалните цени на енергијата и храната веќе се намалува и се очекува и понатамошно намалување
Топланата „Скопје Север“ АД треба да го потпише со АД ЕСМ договорот за деловно-техничка соработка за да може да и се испорачува топлинска енергија. ЕСМ законски не може да ја субвенционира цената за топлинска енергија како што побарала топланата
Сметките на сите компании кои имаат долг кон АД МЕПСО се блокирани, а приливите кои легнуваат на нивните сметки автоматски доаѓаат во АД МЕПСО, рече денеска генералниот директор на АД МЕПСО, Орхан Муртезани
Брз, стабилен и точен пренос на податоци, непречена испорака на електрична енергија и минимизирање на ризикот од каков било прекин при преносот во случај на хаварии или лоши временски услови, ќе овозможи најновата телекомуникациска опрема на АД МЕПСО што од денеска ќе биде ставена во функција
Владата на Република Србија ја продолжи привремената забрана за извоз на млеко и млечни производи до 30 ноември, со исклучок на извозот во Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Белград