Земјава ќе може да се снабдува од повеќе извори на гас преку Бугарија. Ова е овозможено по денешното потпишување на Договорот за меѓусистемско поврзување за снабдување и дистрибуција на гас на Интерконективна точка Ќустендил-Жидилово помеѓу ГА-МА АД и Буглартрансгаз ЕАД
Девизните резерви на крајот на септември изнесувале три милиони 753 илјади и 800 евра и во однос на август бележат зголемување заради откупот на девизи на девизниот пазар и задолжувањето на државата, објави денеска Народната банка
Само трговијата на мало со автомобилски горива минатиот месец во споредба со септември 2021 година бележи зголемување, и номинално (за 59,9 отсто) и реално (за 24,6 проценти)
Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поевтинува за 1,5 денари за литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2022 година во однос на истиот период лани е намален за 1,5 проценти, додека во септември 2022 година во однос на септември 2021 бележи пад од 0,4 отсто
Индустриското производство во септември годинава е намалено за 0,5 отсто во однос на истиот месец лани, а во првите девет месеци од годинава бележи раст од 0,9 отсто во споредба со истиот период од минатата година
Во македонската економија доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (90,9 отсто), а најголемиот дел од нив се од областа на трговијата
Македонија е сигурна земја за деловна соработка, но и за вложување, со одлични бизнис услови, а компаративна предност и е близината до европските пазари, беше речено на денешниот настан што го организираа Стопанската комора и Фондацијата за менаџмент и индустриски истражувања во соработка со Стопанската индустриска комора од Кочаели, Република Турција
Од денеска почнува етапната исплата на пензиите за октомври, кои продолжуваат да се исплаќаат предвремено, соопшти Министерството за труд и социјална политика
АД ЕСМ на 30.10.2022 година произведе 13.309 MWh електрична енергија и целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи