На официјалната церемонија присуствуваа премиерите на Македонија и на Бугарија, Димитар Ковчевски и Галаб Донев, министри, директори, претставници на Европската унија во Скопје и на меѓународни финансиски институции.
Оваа инвестиција на Македонија отвора нови европски рути за железнички превоз, воспоставува регионално поврзување со пристаништата Бургас и Варна во Бугарија и пристаништето Драч во Албанија
Во првите девет месеци од годинава на двата аеродрома има зголемување од 82 проценти на патничкиот сообраќај во однос на истиот период од 2021 година, а намалување од 9,6 проценти кај карго сообраќајот.
Девизните резерви растат и се очекува дека нивното ниво ќе биде стабилно и на среден рок. Курсот на денарот исто така е стабилен и е закотвен за еврото.
За Република Македонија е особено значајно што кредитниот рејтинг кој е резултат на спроведувањето на добрите политики е задржан во услови на големо влијание од глобалната ценовна и енергетска криза.
Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека утре се можни прекини на електронските услуги на системот поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ системот.
АД ЕСМ на 27.10.2022 година произведе 10.986 MWh електрична енергија и целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи, информира владината прес служба.
Над 13 проценти од деловните субјекти со е-продажба во државава годинава примиле нарачки преку социјални мрежи, а нарачки за стоки и услуги преку веб продажба 12,3 проценти од фирмите.
Литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе чини 92,5 денари, 100 денари ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V), а 97 денари Екстра лесното 1 (ЕЛ-1).
По најавите на Министерството за економија за поддршка на прехранбениот сектор и компаниите од месната индустрија и фармите одгледувачи на животни очекуваат да бидат вклучени во тој пакет.