Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – септември 2022 година продажбите достигнуваат 8.161.698.989 денари, што е за 14 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.
Македонските компании имаа можност да остварат средби со претставници на најголемите синџири на маркети во Црна Гора, како и дистрибутери и претставници на ХОРЕКА-секторот.
Продолжениот раст на инфлацијата е феномен присутен во речиси сите економии во светот, што предизвикува подигнување на нивото на инфлациските очекувања и создава ризици за ценовната стабилност.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, настанот ќе се одржи в сабота, во 12 часот, во близина на Куманово, а ќе присуствува и бугарскиот вицепремиер за економски политики и министер за транспорт и врски Христо Алексиев.
Центарот за тренинг и обуки се става во улога на реализација на обуки и работилници за унапредување на специфичните вештини на вработените во компаниите и за стручно оспособување и унапредување на знаењата на стручните кадри.
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за два денари по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ)
Новиот закон за виното е комплетно готов и веќе е доставен од работната група до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
До крајот на неделата Владата ќе донесе одлука за поддршка на основните и средните училишта, како и на јавните комунални претпријатија во снабдувањето со струја
Владата ќе ги поддржи производителите на масло, пекарски, млечни и мелнички производи, како и преработувачите на млеко, но можно е листата да се прошири и со компаниите од месната индустрија
Во периодот од 2017 до 2021 година, Дирекцијата за ТИРЗ има доделено државна помош во вкупен износ од 75,5 милиони евра, од кои 37,5 милиони евра се директно исплатените средства од Буџетот, а 38 милиони евра се за даночните и царинските ослободувања, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР) во ревизорскиот извештај од извршената ревизија на „Развој и работење на технолошките индустриски развојни зони“ објавен денеска