Македонија останува умерено подготвена во областа на земјоделството и руралниот развој, оценува Европската комисија (ЕК) во последниот Извештај за напредокот на земјава
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вчера попладне престојуваше во Дебар каде во општинската зграда оствари средба со замјоделци од ова подрачје
Туристичкиот потенцијал, видовите туризам и можностите за инвестирање во овој сектор беше тема на состанок на претседателот на Туристичко-угостителска комора и потпретседател на Сојузот на стопански комори, задолжен за меѓународна соработка, Аркан Керим и амбасадорот на Јапонија, г. Хиронори Савада
Во Термоелектраните произведени се 8.737 MWh. Во функција се два блока на РЕК Битола и едниот блок на РЕК Осломеј. Во ТЕЦ Неготино во тек се сервисни и ремонтни активности со цел зајакнување на постројката за следниот период кога се очекува поголема потрошувачка на струја
Македонија е умерено подготвена во областа на енергетската политика. Постигнат е ограничен напредок, особено со усвојувањето на Националниот план за енергија и клима и инвестициите во соларни електрани, но треба да ја забрза својата транзиција кон обновливи извори и значително да ја намали зависноста од гас, се констатира во Извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на земјава
Имаме потреба од природен гас кој ќе биде со пониска цена што ќе биде прифатлива за производство на топлинска и на електрична енергија без разлика од каде доаѓа, порача вечерва генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски.
Тој нагласи дека енергетската состојбата во Европа е комплексна, секоја држава ги моделира решенијата врз основа на солидарност – помагање едни со други и рационално трошење на електричната енергија.
АД ЕСМ по празникот ќе соопштат кои фирми понудиле природен гас на тендерот за снабдување на топланите. Како што велат од компанијата, се уште чекале да бидат доставени понудите, па потоа ќе ги разгледале и од вторник ќе ја информирале јавноста кој се се пријавил
Мерките на Владата даваат позитивни резултати за зголемување на просечната месечна-нето плата, оценуваат од Владата, откако денеска Државниот завод за статистика, објави дека нето-платата по вработен во август годинава, изнесува 31.871 денари, што е за 3.229 денари повеќе од истиот месец минатата година
АД ЕСМ соопшти дека во моментот произведува електрична енергија преку двата блока во РЕК Битола, едниот блок во РЕК Осломеј и хидроелектраните кои се користат пред се за системски услуги