Премиерот Димитар Ковачевски денеска одговарајќи на пратеничко прашање изјави дека од идната година на глобално ниво може да се очекува 50 проценти недостиг на храна, што секако ќе се одрази и на цените
Во врска со денешниот апел на Министерството за финансии упатен на Собранието на РСМ, за побрзо да се усвојат од нив предложените измени на Законот за игри на среќа и забавни игри, ја упатуваме следната реакција
Министерството за транспорт и врски обезбеди дополнителни 1.550 транспортни дозволи за Турција, Италија и Бугарија со што даваме посебен инпут за развој на транспортната дејност во земјата, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска присуствуваше на Традиционалната средба со превозници, организирана од асоцијацијата Макам Транс
Платежната агенција соопшти дека се исплатени 153,2 милиона денари на 6 396 производители за произведено и предадено млеко во март, април и мај 2021 година
Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6.8 отсто, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година
Собранието што побрзо да ги усвои измените на Законот за приредување игри на среќа со кои ќе се обезбеди 500 метри оддалеченост на обложувалниците од училиштата, апелираат од Министерството за финансии, на чиј предлог од јуни лани законот е во собраниска процедура и чека расправа во матичната Комисија за финансирање и буџет
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека денеска почнува етапната исплата на пензиите за септември, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено
Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) денеска организира промотивен настан во рамки на проектот „Партнерството помеѓу граѓанските организации ја подобрува довербата на потрошувачите, животната средина и конкуренцијата!“, финансиран од Шведската меѓународна агенција за развој и соработка и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество
Непречено ќе биде снабдувањето со топлинска енергија во претстојната грејна сезона, граѓаните ќе имаат парно од 15 октомври, уверува Владата
Во однос на преговорите со Србија за гас, рече дека не се работи за купопродажба на гас и дека Србија ќе треба финално да каже што може да реализира од претпоставената конструкција што се прави во однос на размена на гас за електрична енергија.