Министерот за економија Крешник Бектеши денеска, осврнувајќи се на владините мерки за енергетската криза, рече дека угостителите и хотелиерите ќе добијат поддршка, а рудниците, казината, банките и сличните такви дејности нема да бидат поддржани
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) чека да биде повикан на прво рочиште откако на 1 септември поднесе пријава до Основниот граѓански суд со барање да се поведе постапка против Владата поради непочитување на Законот за минимална плата кој предвидува усогласување на платите на сите останати вработени во јавниот сектор онаму каде што државата е работодавач
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2022 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесувала: 525 730 МWh електрична енергија, 12.592 мил. нм3 природен гас, 466 130 тони јаглен и 97 117 тони нафтени продукти
Граѓаните да бидат спокојни, топлинска енергија ќе има, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи
Комора на трговски друштва за геодетски работи потпиша Меморандум за соработка со Градежен факултет при универзитет “Св. Кирил и Методиј” Скопје, со што се официјализираше долгогодишната успешна соработка која ја негуваат двете институции, но и се продлабочува, а се со цел унапредување на геодетската дејност во нашата државата
Друштвото за градежништво Бетон АД Скопје четврти месец нема исплатено плата на вработените, а сметката му е затворена односно блокирана повеќе од 45 дена
Младите не треба да ги задржуваме, туку да им дадеме крилја, да создадеме можности што ќе им овозможат да го достигнат својот целосен потенцијал во сопствената земја, но во исто време ќе ги направи доволно конкурентни за светот, порача денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи
Во организација на Министерството за економија денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на туризмот
Во однос на политиките на државна помош, таа нагласува дека станува збор за област каде по иницијалниот сет на политики кои што испорачаа она што можеа да го испорачаат важно е земјата да ја ставби на мапата на инвестиротите и во тековните синџири на вредностите.
Обврската за вршење јавна дејност регулирано производство на топлинска енергија престанува со денот на издавање на лиценца, во случајов нов вршител на дејноста, велат од Регулаторната комисија за енергетика РКЕ, откако БЕГ дистрибуција денеска соопшти дека нема обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона