За вчерашната посета на Турција, Бектеши оцени дека имале продуктивни разговори со турските колеги и покажале интерес да излезат во пресрет на нашите барања.
Компанијата „Адора Инженеринг“ денеска соопшти дека изгледите за постигнување договор само за закуп доколку нема јасна интенција за купопродажба на топланите „Исток“ и „Запад“ во овој момент за нив е енормно штетен, со дополнителни загуби од над 550 илјади евра годишно
Реализација на реформите што го поддржуваат стабилниот развој на финансискиот систем, а со цел задржување на високиот степен на макроекономска и фискална стабилност е еден од главните приоритети на Владата и Министерството за финансии, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на отворањето на 21-вата Годишна конференција на Македонската берза
Берзите, по се судејќи, ќе функционираат во нов циклус на голема осцилаторност и висока инфлација и каматни стапки. Прогнозите се понеблагодарни од кога било, порача главниот извршен директор на Македонската берза Иван Штериев
Во предвечерие на најавената даночна реформа околу „жешкото“ прашање за оданочување на капиталните добивки од тргување со хартии од вредност како Македонска берза имаме јасен став – капиталните добивки се уште не треба да се оданочуваат, рече главниот извршен директор на Македонска берза АД Скопје Иван Штериев
Претседателката на КХВ истакна дека со користење на предностите на дигиталната технологија се зголеми способноста за да се делува брзо, ефикасно и решително.
Анализата на структурата на поплаките за одделни банкарски производи и услуги од анкета на Народната банка покажува дека минатата година преовладувале поплаките за дебитните и кредитните картички, со учество од 36,6 проценти, од кои најголемиот дел се однесувале на висината и пресметката на надоместоците и функционалноста на услугата
Американските стопански комори на Република Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија, одржаа работна средба за време на Конференцијата за паметни градови во Тирана и се согласија за понатамошно зајакнување на економската соработка и промовирање на можностите за развој
Пошта на Република Македонија да има ексклузивно право да обезбедува резервирани поштенски услуги до 31 декември 2023 година, предвидува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за поштенски услуги, што по скратена постапка, денеска доби поддршка од матичната собраниска Комисија
Развивањето соодветен систем за заштита на потрошувачите во доменот на банкарскиот систем е еден од стратегиските приоритети во работењето на Народната банка, којашто ги засили напорите за обезбедување поголем степен на заштита на корисниците на услугите коишто ги нуди банкарскиот систем