Владината одлука за ограничување на маржите на основните прехранбени производи во трговијата на мало и на големо, што истекува на 30-ти месецов, ќе биде продолжена до крајот на годината, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Немаме најава за забрана за проток на природен гас. Трговците редовно ги снабдуваат индустриските капацитети со гас, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Разговорите за цената за набавка на струја од Бугарија не се завршени. Утре ќе имаме уште еден онлајн состанок заедно со мојот бугарски колега, но многу е важно во решавање на вакви ситуации да се придонесе во духот на добрососедството и продлабочување на соработката меѓу соседите, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, откако вчера Бугарското национално радио
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска побара поддршка од поглаварот на Исламската верска заедница (ИЗВ), реисот Шаќир Фетаху за почитување на мерките за штедење на струја од страна на ИВЗ и нејзините верници
Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски и со директорот на НЕР, Бајрам Реџепи в четврток ќе престојува во посета на Турција
Дизелот од полноќ поевтинува за три денари, а цената на бензините останува иста. Се намалува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство за денар и половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика
Пензионерите на крајот од месецот ќе добијат околу седум проценти покачување, усогласување на пензиите соглансо новата методологија која ја донесовме во март 2022, односно усогласување 50 проценти од трошоците на живот и 50 проценти во однос на просечната плата, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска
По заокружувањето на новата постапка за избор на надзор и консултант за автопатите што ќе ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“, подготвителните работи се очекува да завршат до крајот на годината, а по проектирањето и експропријацијата во текот на следната година да има работа на терен, информираше денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски
Имаме уште 50 денови да направиме евалуација на понудата и потоа, кон почетокот на ноември ќе утврдиме дали е се во ред и ќе преминеме кон потпишување на договорот за Чебрен, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, осврнувајќи се на проектот за изградба на хидроцентралата Чебрен
Професорот Никола Поповски и поранешен министер за финансии вели дека во услови на висока инфлација, нашата централна банка, како и останатите централни банки, презема оправдани мерки за ублажување на инфлациските притисоци, а очекува дека во натамошниот период постепено ќе се стабилизира инфлацијата