Како што стои во соопштенито од кабинетот на гувернерката, со Меморандумот се предвидува Народната банка да организира предавања, обуки и работилници за финансиска едукација за членовите на Здружението, како и за различни целни групи во соработка со Здружението.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека откупната цена на грозјето годинава е рекордна и е за 25 проценти повисока од минатогодишната, но ги охрабрува винарските визби да ја зголемат дополнително за да се стимулираат земјоделците.
Премиерот Христијан Мицкоски очекува набргу од денеска да биде разработен јасен план и анализа за проектот Чебрен, за кој разговарал и на завчерашната средба со поранешниот директор за национално разузнавање на САД, Ричард Гренел.
Во Скопскиот регион се издадени 43 одобренија, од кои осум во Општина Аеродром, по шест во Центар, Илинден и Петровец, пет во Чучер Сандево, три во Гази Баба, две во Бутел и по едно одобрение во Сарај и во Шуто Оризари.
Поддршката за зголемување на потенцијалот за зелено финансирање е клучна во справувањето со климатските промени и одржувањето на финансиската и економската стабилност.
Вредноста на договорената рата во странство на домашната градежна оператива во првата половина од годинава изнесува 199 737 илјади денари, што е за 4,4 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи да се зголеми малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 1,056 денари со што еден килограм ќе чини 45,804 денари за килограм.
Очекувањата на Владата, како што рече, се и да се зголеми извозот на македонски производи во маркетите на Лидл насекаде во Европа.
Според претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, пониски сметки за електрична енергија е клучната причина зошто интересот за инвестиции во обновливи избори не запира.
Премиерот Христијан Мицкоски не неговиот официјален фејсбук профил објави дека во Владата одржал средба со менаџментот на ЛИДЛ, на која бил информиран за потешкотиите и административни пречки со кои се соочувал германскиот ланец маркети од претходната Влада.