Занаетчиите да добијат субвенции од државата и да се сметаат како потрошувачи на струја во категоријата „домаќинства“, бара Занаетчиска комора Скопје за полесно пребродување на енергетската криза.
Причина за повисоките сметки, како што посочи, е покривање на загубите поради цената на струјата.
Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка донесе одлука каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,5 п.п. до нивото од 3%, а понудата на благајнички записи на редовната аукција не се промени и изнесува 10 милијарди денари.
Советот на Народната банка донесе одлука за промени кај инструментот за задолжителна резерва, преку кои се поттикнува кредитирањето на проектите поврзани со домашното производство на електрична енергија од обновливи извори.
Сепак, неизвесноста од идната динамика на цените на примарните производи на берзите, а особено на енергентите е нагласена поради воените случувања во Украина, се наведува во соопштението од Народна банка.
Назначувањето на Крис Колбурн за нов генерален директор на САСА како што дополнија од компанијата е дел од долгорочната стратегија за одржлив развој на САСА, поставена од страна на инвеститорот – компанијата Централ Азија Металс од Лондон
Производството на сурово млеко е намалено, пред се, поради сушата и поскапувањата на добиточната храна, но воопшто не може да стане збор за траен недостиг, ниту има простор за такви стравувања, велат преработувачите.
Ова го истакна претседателот на РКЕ Марко Бислимоски кој заедно со заменик-претседателот Енвер Елмази и комесарите одржа состанок со претседателка на Организација на потрошувачите на Македонија (ОПМ) Мирјана Лончар Велкова.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 206 757 000 денари, за 37,6 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Преку конкретни договори за помош, Грција енергетски ќе ја поддржи Македонија во справувањето со последиците од глобалната енергетска криза, нешто за кое вчера, детално разговараа премиерите на двете земји