Граѓаните на градот Скопје да бидат спокојни, сметките на БЕГ за топлинска енергија се сторнирани и ќе добијат нови корегирани сметки за месец август, изјави попладнево претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски
Сите да се однесуваме разумно и секој кој има можност да влијае кон тие кои можат да помогнат врз состојбата со енергетската криза, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, при денешната посета на Струмица
Досега се завршени 36 инфраструктуирни проекти што се спроведуваат во општините преку ТАВ програмата во вредност од 15 милиони евра, информираше вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, при денешниот увид во работатата за регулација на поројот Св. Илија до вливот во река Водочница во Струмица, што се реализира преку оваа програма
Државниот завод за ревизија го објави конечниот ревизорски извештај од извршената ревизија на Основен буџет на Република Македонија за 2021 година
Во првите седум месеци од годинава од државава се извезени стоки во вкупа вредност од 4 767 002 000 евра, што претставува пораст од 19,3 проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 912 713 000 евра, што е за 26,9 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика
Трошоците на живот во август во однос на јули годинава се зголемени за 1,3 отсто, а цените на мало за 0,6 отсто
АД ЕСМ ја информира дека на отворена јавна аукција, за периодот од 7 до 11 септември, продаде 1800MWh ноќни вишоци електрична енергија од 01-07 часот по цена од 402 евра за мегаватчас, и 400MWh од 02-06 часот по цена од 362 евра за мегаватчас
По неколкугодишното присуство и успешно работење на романскиот пазар, „Алкалоид“ АД Скопје регистрираше ново друштво во Романија, со назив „Alkaloid Bucharest S.R.L.“. Друштвото е 100 % во сопственост на компанијата
И покрај предизвиците коишто ги донесе војната во Украина за глобалната и домашната економија, макроекономската и финансиската стабилност во земјава се задржаа
Особено е важно младите навремено да се информираат за правата, обврските и придобивките на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови, веднаш по започнувањето на работниот однос, потенцираат од Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) по повод Недела на пензиската свесност