Од регионот на Неготино 30 лозари пријавиле штети до осигурителните компании по силното невреме со град што го зафати овој крај кон средината на август. Полиси за земјоделско осигурување имаат вкупно 180 осигуреници физички лица во општина Неготино, а секој шести од нив пријавил штета врз своите лозови насади, покажуваат официјалните податоци кои Агенцијата за супервизија за осигурување (АСО) ги обезбеди од осигурителните компании
Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за српскиот весник „Политика“ се осврна на важноста на Отворен Балкан и меѓусебната соработка на земјите од регионот. Ковачевски подвлече дека иницијативи како Отворен Балкан, кои имаат реални придобивки како што е првиот меѓународен саем на храна, вино и туризам во Белград е исклучителна можност да воспоставиме нова динамика во нашата регионална соработка и да обезбедиме економски просперитет и подобро утре на нашите граѓани
Законот за платежни услуги и платни системи, чии одредби стапуваат на сила од 1 јануари 2023 година, беше една од темите на редовната координација помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими и нивните тимови
Иницијативата „Отворен Балкан“ треба да креира поповолно деловно окружување во регионот, услови и оперативни мерки кои ќе ја поттикнат и поддржат економската соработка меѓу земјите кои се засега вклучени, со надеж дека ќе се вклучат и другите држави од Западен Балкан, истакнува претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски
Од денеска стапуваат во сила мерките за штедење струја до 15 проценти, а со тоа почнува да важи и кризната состојба за електричната и топлинската енергија
Под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија од денеска до 4 септември во Белград ќе се одржува Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ организиран во рамки на Иницијативата Отворен Балкан
Претседателот Вучиќ, премиерот на Албанија Еди Рама и премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски утре ќе присуствуваат на отворањето на Првиот меѓународен саем за вино Винска визија на Отворен Балкан, што ќе трае до 4 септември.
Од 1 до 4 септември во Белград во рамки на Иницијативата Отворен Балкан, Србија, Македонија и Албанија ќе го одржат Првиот меѓународен саем за вино Винска визија на Отворен Балкан, лидерски самит на претседателот Александар Вучиќ, премиерите Димитар Ковачевски и Еди Рама, како и македонска вечер чиј домаќин е македонскиот премиер Димитар Ковачевски
Три документи – за соработка во областа на храната, кинематографијата и цивилната заштита, ќе бидат потпишани на претстојниот лидерски самит во Белград кој, како политички дел, ќе се одржи во рамки саемот „Винската Визија на Отворен Балкан“
Во вториот во однос на првиот квартал годинава трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 3,8 проценти, трошоците за материјали за 0,2 проценти, а трошоците за вработените за 12,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика