Бројот на работниците во индустријата во јули годинава во однос на јули лани е намален за 0,6 проценти, а за 1,7 проценти во периодот јануари – јули годинава споредено со истиот период од 2021 година
Индустриското производство во јули годинава во однос на на јули лани е намалено за пет проценти. Во периодот јануари – јули годинава споредено со истиот период лани бележи раст од 1,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика
Во јули годинава во споредба со истиот месец лани е регистрирано зголемување на прометот во групата Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 67.6 %, а реално за 11.5 %), а во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун, прометот е номинално зголемен за 5.3 %, а реално е намален за 11.8 %
Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во вториот квартал годинава изнесуваат 169.538 милиони денари, што претставува квартален раст од 677 милиони денари
Народната банка објави дека е намалена просечната каматна стапка на вкупните кредити на годишна основa, при што во јули таа изнесува 4,33 проценти, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити е задржана стабилна, на ниво од 0,67 проценти
Од утре стапуваат во сила мерките за штедење електрична енергија со кои потрошувачката треба да се намали 15 отсто
Под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, утре во Белград почнува Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“
Од владината прес-служба соопштија дека увозот на овие тарифни ознаки од земјите на ЦЕФТА е без царина, а од земјите-членки на Европската Унија се врши со царинска стапка од пет отсто.
Новиот Закон, предвидува поедноставување на процедурите и клучно е што на граѓаните нема да им биде потребно решение од општината за поставување на фотонапонските централи.
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски и премиерот на Република Албанија, Еди Рама, ќе присуствуваат на отворањето на Првиот меѓународен саем за вино Винска визија на Отворен Балкан во четврток, 1 септември 2022 година, на Белградскиот саем, соопштија од кабинетот на српскиот претседател