Владата најави поедноставени процедури за поставување фотоволтаични електрани на покривите на домаќинствата и стопанските објекти. На денешната седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за градење со кои се овозможува на објектите во индивидуална сопственост да бидат поставени фотонапонски електрани со моќност од 6 киловати и на стопанските објекти со моќ до 40 киловати по поедноставени процедури
Солидарноста и соработката во моменти на енергетска криза, подготовките за претстојната зимска сезона, реализацијата на заеднички проекти во изградбата на енергетската инфраструктура и зајакнувањето на регионалната енергетска безбедност се клучни задачи за сите земји членки на иницијативата „Отворен Балкан“
Дополнителни 10,3 милиони долари американска поддршка за развој на демократско општество и за конкурентна економија, ќе добие земјава со амандманот на Договорот за грант за партнерство за развој со САД
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење ќе биде разгледан денеска на редовна седница на Владата
Петнаесет претставници од земјава ќе бидат дел од балканската делегација на Слоу Фуд што ќе учествува на годинашниот 14. Тера Мадре Салоне дел Густо во Торино
Граѓани и фирми вложиле 5,4 милијарди денари (87,7 милиони евра) во неживотни осигурувања во првите шест месеци годинава
Од денеска до 2 септември етапно се исплатуваат августовските пензии во банките, за пензионерите кои не користат картички за банкомат
KфВ банката е дел од групацијата KfW Bankengruppe која е одговорна за финансиска соработка со земјите во развој. Таа со поддршка на Германската амбасада во земјава ја спроведува финансиската соработка во рамки на билатералната развојна соработка со СР Германија
Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 0,5 денари за литар, на дизелот за три, а на екстра лесното масло за домаќинство за еден денар, додека мазутот поскапува за 0,977 денари за килограм
Во Белград течат последните подготовки за Првиот меѓународен саем Винска визија Отврен Балкан. Во главниот град на Србија по улиците веќе се веат знамињата на Србија, Македонија и Албанија, чии влади се организатори на оваа голема манифестација