Во јули годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар биле повисоки за 3,9 отсто на месечно и за 24,8 проценти на годишно ниво, соопшти Државниот завод за статистика
Општина Арачиново ќе биде една од општините што ќе биде позитивен пример и за другите општини, дека навистина елементарните прашања како што е снабдувањето со електрична енергија, но и обврските што ги имаме како граѓани, ќе се одвиваат на фер и непристрасен начин, не дискриминирајќи никого, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши
РЕК Битола врши повремено тестирање на постројката „стартна котлара”, чија намена е да дава поддршка на блоковите при потреба за зголемено количество водена пареа за турбините. Таква проверка на функционалноста е направена денеска помеѓу 6:30 и 7:00 часот, при што е утврдено дека истата е функционална и е на располагање да се вклучи во системот во секој момент
Владата работи на нов пакет антикризни мерки во тесна координација со деловната заедница и сите општествени чинители за да се најдат најсоодвените решенија за поддршка на граѓаните и стопанството
Директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски вели дека постојано добива поплаки од граѓани за несоодветен третман на голем број наши атракции и локалитети
Во пресрет на очекуваната тешка зима поддршката на земјоделството и менаџирањето со енергетската криза остануваат врвни приоритети на Владата, најави премиерот Димитар Ковачевски
Пред почетокот на заедничкиот самит на храна и вино што во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ ќе се одржи во Белград од 1 до 4 септември
Дополнителното намалување на ДДВ-то не би имало големо влијание на цената на електрична енергија, бидејќи таа на слободниот пазар е над 1000 евра
Тој посочи дека системот ќе придонесе за рационално искористување на водата од Крива Река, со што се обезбедува достапна вода за наводнување на земјоделските посеви во текот на целата година
Навршија седум месеци од почетокот на војната во Украина. Економските изгледи и понатаму остануваат со висока доза на неизвесност, со надолни ризици поради растечката инфлација, можноста за запирање на испораката на гас од Русија, растот на цената на електричната енергија и затегнувањето на условите за финансирање