Сите заинтересирани за финансиска поддршка на социјални претпријатија на повикот во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“ можат да се пријават најдоцна до 10 септември
Во државава во јуни годинава вкупно се потрошени 521 750 мегават часови електрична енергија, 3.139 милиони нормални кубни метри природен гас, 436 990 тони јаглен и 97 452 тони нафтени продукти
Претприемништвото има потреба од нови вештини со цел полесно соочување со најновите предизвици, а соработката меѓу претприемачите од различни држави е клучна за развој, порачаа учесниците на првата глобална ЦЕФЕ конференција за претприемништо, што се одржа денеска во Скопје, со учесници од Гераманија, Словенија, Венецуела, Филипини, Турција и од државава
Првата глобалната ЦЕФЕ Конференција за претприемништво започнува денеска во Скопје. На дводневната конференција, се слават 25 години од постоењето на ЦЕФЕ методологијата за креирање на претприемачи во Македонија и Балканот
Овоштарите од Преспа, претпладнево од 10 до 12 часот ќе одржат протестен собир на местото викано „Макази“ и ќе го блокираат регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид.
Министерот за економија Крешник Бектеши неодамна изјави дека се разговара и со министерствата за енергетика на Србија и Бугарија за да нема запирање на прекуграничните капацитети и проблеми со снабдувањето на потрошувачите на слободниот пазар.
Притоа премиерот Ковачевски посочи дека е добро што има број на импути коишто ги има Министерството за финансии и врз основа на нив министерството ќе изработи ревидиран предлог концепт кој што ќе треба да го погледнат и политичките партии.
Под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија, а како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, почнува Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, кој ќе се одржи во Белград, од 1 до 4 септември 2022 година
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска заедно со заменик амбасадорот и раководител на економскиот оддел во Германската амбасада, Ото Граф, директорката на Државниот инспекторат на трудот (ДИТ), Весна Томовска и претставници од Министерството за труд и социјална политика беа во посета на германската автомобилска компанија „Дрекслмајер“ во Кавадараци
Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска одржа состанок со академиците од Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ, на која фокусот беше ставен на Концептот на даночна реформа