Лозари и аргати во кавадаречкото село Сопот договорија дневницата за берење грозје од шест до 14 часот да изнесува 1 200 денари
Дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ ќе поскапат за три денари, а цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги
Вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз во вториот квартал годинава изнесува 11 467 000 и во однос на истиот период лани е зголемен за 20,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика
Здружението на даватели на комунални услуги АДКОМ, кое обединува 90 јавни комунални претпријатија на територија на целата држава, денеска повторно упати апел за средба до Владата од која бара помош поради зголемените трошоци со поскапувањето на струјата
Сезонска авиолинија на релацијата Манчестер – Охрид најавува за следниото лето авиокомпанијата ТУИ Ервејс
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска преку својот фејсбук профил потсети дека во 2017 година беа исплатени два милиона евра долг кон лозарите од неисплатеното винско грозје од винарските визби „Повардарие“ и „Стефани“
Кризна состојба во делот на енергетиката се очекува да биде прогласена утре. Одлуката ќе важи од 1 септември, а според најавите на надлежните, нема да има рестрикции на струја во зимскиот период доколку се се одвива според планираното
Во јануари, според генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски, се очекува ново поскапување на струјата.
Во следните денови Владата ќе ги објави јавните повици за избор на вршители за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.
Според Владата, во време на воена состојба во Украина, ова е еден чекор кон олеснување на транспортот на македонските и украинските транспортери во двата правци со цел полесно пристигнување на храна, лекови, гориво кон крајните потрошувачи.