Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2022 година, Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки за 1.5 % на месечно и за 21.9 % на годишно ниво.
Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – јуни 2022 година продажбите достигнуваат 5.283.892.387 денари, што е за 10 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година
Тој се осврна и кон тоа дека цените на одредени суровини одат кон стабилизација, но сепак цената на најглавната суровина, енергенсите, не само што не е стабилизирана туку руши рекорди.
-Пред еден месец ни прати порака и дека ќе ги посети работниците но засега ништо од тоа ветување појасни Арсовски.
Сите подготовки за престојната зима во делот на енергетиката се направени, уверуваат надлежните кои не кријат дека не чека една од најтешките зими во последните децении.
Тој на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“ рече дека во функција ќе биде ставен и третиот блок на РЕК Битола.
До крајот на неделава се очекува да заврши ажурирањето на апликацијата „Мој ДДВ“ по што од Управата за јавни приходи велат дека ќе ги информираат граѓаните кога повторно ќе можат да го користат напредниот начин на скенирање.
Најголемите реформи во јавните финансии во изминатите две децении, на кои ќе се гради систем којшто ќе продуцира повисоки стапки на економски раст и подобар животен стандард за граѓаните, беа тема на средбата меѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и премиерот Димитар Ковачевски
Подигнување на капацитетите и стручната подготвеност на сметководителите се клучните промени кои ги содржи Законот за сметководствени работи, што го усвои Собранието
Вицепремиерката на Владата на Србија и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ изјави дека работната група формирана во рамките на иницијативата Отворен Балкан ќе им овозможи на Србија, Македонија и Албанија да соработуваат не само за надминување на енергетските проблеми оваа зима, туку и да разговараат за заеднички проекти