Занаетчиската комора на РМ и Регионалната занаетчиска комора од Куманово бараат надлежните институции побрзо да реагираат и да ги донесат законските измени за недела неработен ден, информираа на денешната прес-конференција од ЗКРМ
Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС) Марко Чадеж денеска изјави дека членовите на иницијативата „Отворен Балкан“ во Тирана се согласиле дека нема да има забрана за промет на основните прехранбени производи меѓу Србија, Албанија и Македонија
Нашите капацитети се во фаза на подготовка за да имаме сигурно производство на електрична енергија од термоелектраните во текот на грејната сезона, хидропотенцијалот е на 55 проценти од капацитетот или 70 до 80 проценти од просекот во изминатите 10 години и се користи само за одржување на сигурен и стабилен систем во делот на системските и балансните услуги, а во функција го ставаме и ТЕЦ „Неготино“
Прифатени се речиси сите барања на бизнис секторот за електричната енергија, а ќе стапат во сила од 1 август, со воведувањето на кризната состојба која веќе беше најавена, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши по работната средба со претставниците на Македонската енергетска асоцијација (МЕА), на која присуствуваше и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денара и ќе изнесува 94,00 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС ја известува пошироката јавност дека ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД СКОПЈЕ достави Известување до Агенцијата за извршениот упис на „Друштво за управување со доброволни пензиски фондови ВФП ПЕНЗИСКО ДРУШТВО АД Скопје” во Централниот регистар на Република Македонија
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски денеска најави нови цени на горивата. Дизелот, како што рече, ќе поевтини за два денара
Кумановци и жители на соседните села, пред сè Табановце и Романовце, се жалат дека извесен период немаат железнички превоз кон Скопје, а информацијата денеска ја потврдија од ЖРСМ Транспорт АД-Скопје од каде кусо информираа дека проблемот е поради недостиг на машиновозачи. Оттаму најавија решавање на проблемот од август, годинава
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати
Важна пречка за регистрирање на една микрофирма се трошоците за формализацијата, особено даноците, придонесите, парафискалните давачки и трошоците за сметководство, а во ограничен обем и времето како и надоместоците за справување со администрацијата