Владина делегација предводена од заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска и утре во Тирана ќе има интензивни работни средба за детална координација со цел заедничко справување со кризата со недостаток на храна и струја, како и за ризиците од пожари во текот на летото
Основниот услов за добро стопанисување на компaниите е ниската инфлација. Ако го нема тоа, висината на каматните стапки не игра важна улога, оттаму централните банки со зголемување на каматните стапки всушност водат сметка и за реалната економија, вели универзитетскиот професор Никола Поповски
Стабилизирањето на инфлацијата е приоритет за централните банки, смета поранешниот шеф на мисијата на Меѓународниот фонд во земјава, Бишваџит Банерџи
На земјава ѝ претстои енергетски најтешката зима. Надлежните, кои прават максимални напори за обезбедување доволно електрична енергија и природен гас, најавуваат дека идниот месец се планира прогласување кризна состојба, но рестрикции не се очекуваат
Од Владата додаваат дека остануваат посветени на растот на приходите и поддршка на сите граѓани. Покачувањето на платите, покачувањето на пензиите, покачувањето на стандардот на граѓаните, нагласуваат, е она на што Владата и понатаму посветено ќе работи.
На финалниот настан на младинскиот предизвик „Генерација без граници – Технологија за планетата“ избрани се два тима, млади иноватори, кои ќе ја претставуваат земјава на глобалниот предизвик „Генерација без граници 2022“.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во Штип додели 100 договори на земјоделски стопанства кои аплицираа на последниот јавен оглас за закуп на земјоделско земјиште над три хектари за житни култури од регионите Штип, Велес, Кочани и Куманово
Како држава нашата намера е целосно да се интегрираме и да станеме членка на Европската Унија. Затоа ги следиме западните политики и кога веќе ги следиме таквите политики заедно треба да го сносиме и лошото и доброто. Ќе ги следиме и сите препораки за плаќањето на рускиот природен гас, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Континуирано носиме мерки со цел да не се зголемуваат цените на основните прехранбени производи како што беа мерките кои на предлог на Министерството за економија на последната седница ги донесе Владата, односно за забрана за извоз на одредени производи и укинување на царина, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Примената на заедничкиот премин го забрзува протокот на патници, но и на товарниот сообраќај, заедничката точка помеѓу граничните премини Табановце од македонска и Прешево од српска страна е позитивен пример како регионално се соработува оценија денеска министрите за транспорт и врски и за градежништво, транспорт и инфраструктура на Македонија и Србија, Благој Бочварски и Томислав Момировиќ кои го посетија граничниот премин