Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе носи одлука за нова цена на нафтените деривати што ќе важи од ноќеска на полноќ
Засилување на економската соработка меѓу деловните ентитети од нашата земја и од Белград со цел унапредување на економската соработка беше фокусот на средбата на Претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски и заменик-претседателот на Собранието на Град Белград, Игор Јовановиќ
Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески во својство на копретседавач на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), утре и задутре во Охрид ќе биде домаќин на членовите на Управниот одбор на КИФ, асоцијација на шесте стопански комори од регионот на Западен Балкан
Глобалната криза наместо да спласнува се засилува, неизвесноста е голема, поради што очекуваат во следните месеци и други компании да згаснат. Парите наместо за помош, сега ќе се насочат за враќање на кредити со високи камати.
Собранието на денешната 78. седница со 61 глас „за“ го усвои Ребалансот на Буџетот за 2022 година
Српската вицепремиерка и министер за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ денеска изјави дека за енергетската безбедност на Србија е важно да има можност од повеќе снабдувачи со гас, поради што покрај градбата на гасна интерконекција со Бугарија, Србија забрзано се подготвува за изградба на интерконекција и со Македонија, за што до септември ќе аплицира за средства од ЕУ
Потрошувачите кои се приклучени на Балкан Енерџи Груп да продолжат редовно да си ги подмируваат месечните фактури за испорачаната топлинска енергија, велат од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги
На граничниот премин Табановце – Прешево комплетно се завршени дополнителните инфраструктурни активности и реконструкции согласно Договорот за примена на заеднички гранични премини – One Stop Shop контроли во делот на проток на стоки и патници со Република Србија кој беше воспоставен во септември 2019 година, информираат од Владата
Mногу е важно да се аплицира со квалитетни проекти кои имаат затворена финансиска конструкција за потоа да може да се овозможи успешна имплементација и да се обучат луѓе за да подготват добри проекти, тоа важи и на локално ниво и за користење на европски фондови
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ)