Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори во соработка со организациите од Турција може да обезбеди 5.000 квалификувани работници кои веднаш ќе почнат да работата во домашните капацитети доколку надлежните институции овозможат нивно вработување под условите кои важат и за македонските државјани
Стопанската комора на Македонија по повод стогодишниот јубилеј издаде монографија во која посебен фокус е ставен на личностите значајни за бизнисот во државава, како и компаниите што се дел од оваа бизнис асоцијација
Неусогласеност помеѓу образовниот систем и потребите на пазарот на работна сила се најголем проблем проблем за вклучување на младите на пазарот на трудот, беше посочено на денешната дебата „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“, во организација на ИДУЕП и Младинскиот сојуз
Дополнетиот ребаланс на Буџетот е усвоен денеска на седница на Влада, а во него, како што информира Министерството за финансии, се вградени амандмани со кои се обезбедени дополнителни 25 милиони денари за здравството, животната средина и инфраструктурата.
Цените на угостителските услуги во јуни во споредба со мај годинава, се зголемени за 1,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика
Министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ, денеска, по средбата во Белград со министерката за туризам и животна средина на Албанија, Мирела Кумбара Фурџи, изјави дека двете земји заедно со Македонија како дел од иницијативата Отворен Балкан ќе создадат заедничка дигитална платформа на туристичка понуда на овие земји
Заклучно со првиот квартал годинава во државава се регистрирани 1.920.834 претплатници во мобилната телефонија
Делегација на Сојузот на стопански комори составена од претседателот Трајан Ангелоски, потпретседателот Орце Симов и членот на Управен одбор Сашо Дуковски, учествуваше на промотивна конференција на иницијативата „Зелен навигатор на Западен Балкан“ која се одржа во Бања Лука во организација на Владата на Република Српска
Во Музејот на Народната банка од петок за јавноста ќе биде отворена нова времена музејска изложба, посветена на денарот и неговите обележја, поточно, на изворното културно наследство кое послужило како основа за дизајнирање на предните и задните страни на тековното издание македонски банкноти
Во рамки на европскиот проект „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“ денеска во Јавна соба ќе се одржи јавен настан за подигнување на јавната свест за проблемот со младинска невработеност, сензибилизација на темата и поголема мобилизација на сите заинтересирани страни