Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку соопштение ги потсетува земјоделците дека на 6 јули истекува рокот за аплицирање на јавниот повик за финансиска поддршка при набавка на специјализирани комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и мобилни сушари за ориз
Од денеска поскапува струјата и почнува да се применува новиот концепт на блок тарифи. Регулаторите уверуваат дека за 98,8 проценти од домаќинствата просечната цена на струјата ќе се зголеми за 7,4 проценти. Не се очекуваат ниту рестрикции на струја, иако не очекува тешка зима.
На гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, Бислимоски уште еднаш повтори дека кај над 98 проценти од домаќинствата ќе има зголемување од само 7,4 проценти.
Пријавувањата се до 11 јули, а саемот на вино ќе се одржи од 1 до 4 септември во Белград под покровителство на иницијативата Отворен Балкан.
На крајот првиот квартал од 2022 година, бруто надворешниот долг изнесува 9.977 милиони евра и забележано е квартално зголемување за 430 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија
Регионална соработка е единствен начин за надминуавње на енергетската, но и другите кризи. Тоа беше заклучокот на дел од учесниците на Македонскиот енергетски форум (МЕФ) 2022 што денеска и утре се одржува во Охрид, во организација на ЗИП Институтот и Владата на Република Македонија
Ако АД ЕСМ ја продаваше електричната енергија за граѓаните по пазарна цена, поскапувањето ќе беше 150%, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски
Рестрикции на струја ќе нема, иако ќе биде тешка зима не само за Македонија туку и за регионот и глобално поради криза во енергетиката, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши, кој учествува на МЕФ Енергетскиот форум во Охрид
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски денеска уште еднаш повтори дека просечната цена на струјата за 98,8 проценти од домаќинствата ќе се зголеми за 7,4 проценти, а само оние 1,2 отсто кои трошат енормно, ќе плаќаат енормно
Во вторникот, на 28 јуни 2022, беше одржан онлајн информативен настан во врска со новиот интерконектор за природен гас што ќе ја поврзува Грција со Македонија, а ќе започнува од Неа Месимвриа – Тесалоники и ќе се протега се до Штип