Тој истакна дека и покрај разните шпекулации, никој не можел да ја предвиди руската инвазија врз Украина и за тоа што се случува сега, додавајќи дека „ние сега живееме во период на постојани кризи“.
Оттаму наведуваат дека дополнителното намалување на јавниот долг е потврда за добро поставената фискална политика и доброто управување со јавните финансии, особено што тоа е евидентирано во период на криза.
На прашањето дали ќе има редовни летови или само сезонски чартери Адемовски одговори дека на почеток се планира да има само чартери, но, како што посочи, во иднина може да има и редовни летови неколку пати во неделата.
Калкулаторот од денеска е достапен на веб страницата на РКЕ www.erc.org.mk и со него секој граѓанин може да направат споредби за сметките меѓу постојниот и новиот предлог тарифен систем со блок тарифи за високата тарифа на потрошена струја.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) е во постапка за одземање на лиценците на Балкан енерџи груп (БЕГ) за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија, информира денеска претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 111,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 113,50, а на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 107,50 денари за литар.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2021 година, деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 32 470 968 илјади денари
Во земјава во април годинава се евидентирани 47 617 туристи, од кои 34.8 % се домашни, а 65.2 % се странски туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика
Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), ја известува пошироката јавност дека на 1 јули истекува рокот за поднесување на Изјава за продолжување на членството во задолжителен пензиски фонд од страна на лицата кои имаат бенифициран стаж
Со предлог-ребалансот на Буџетот треба да се постигнат две основни цели. Прво, да се одржи макроекономската стабилност, што е од суштинско значење за понатамошниот раст и развој на секоја економија